Ентузијастите уфолози ширум светот веруваат дека снимката од Марс на која има дупка долга 130 метри е несоборлив доказ за интелигентен живот на нашата соседна планета затоа што „очигледно станува збор за некој вид влез во подземна гаража“.
Станува збор за совршено кружна вдлабнатина, покрај кое се наоѓаат траги кои улфолозите ги препишуваат на слетувањето и полетувањето на летала.
НАУЧНИЦИ ТВРДАТ: Роверот пронашол докази дека на Марс постоел живот
Уфолозите шпекулираат дека заради формата на влезот, очигледно станува збор за подземна база во која се наоѓаат вонземски авиони.
Бидејќи има слични вдлабнатини на Земјата, уфолозите веруваат дека снимената дупка на Марс не е случајност, но тие се убедени дека дупките се поврзани и дека вакви бази постојат и на Земјата.