Кога ќе ги погледнеме големите космички настани, човештвото и нашата планета во вселената изгледаат скоро занемарливо.
Режисерот и продуцент Џон Босвел, познат и како „melodyshep“, создал „тјмлапс“ видео во кое за само десет минути можеме да го видиме создавањето на универзумот од Големата експлозија до денес.
Како се формирало златото во универзумот и пристигнало на земјата? (ФОТО)
Видеото претставува своевиден мини докуемнтарец за формирањето на универзумот. Секоја секунда во видеото претставува 22 милиони години, а додека времето минува, Босвел ги објаснува основите на секој период од формирањето на универзумот, од формирањето на првите ѕвезди, галаксии и црни дупки.
Дури од шестата минута може да се види како настанал Сончевиот систем, додека животот на Земјата се јавува во последните секунди од видеото.
Зошто универзумот се уште не се распаднал?
Босвел вели дека со оваа видео сакал кај луѓето да ја развие свеста за величината на настаните кои се одиграле милијарди години зад нас и како луѓето всушност се „мали“ во вселената.
Американскиот режисер познат е по создавањето на единствени музички ремиксови и проекти кои ги правел за научниците како што се Нил Деграс Тајсон или Карл Саган.
Сакал да докаже дека Земјата е рамна плоча, па загинал во сопствената аматерска ракета (ВИДЕО)
Творец е на серијата аутотјун песни под називот „Symphony of Science“.