Компаниите привремено да не ги примаат на работа вратените од Италија, порача Филипче

Сподели со своите пријатели

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција одржана во Владата по повод првиот потврден случај на коронавирус во земјава, порача компаниите да не ги примаат на работа лицата кои се вратиле скоро од престој во Италија.

Loading...

– Сакаме да упатиме и еден апел до сите компании, институции во кои има вработени кои изминатиот период патувале во Италија да не ги примаат на работните места туку да седат дома 14 дена. Тоа го препорачуваме до сите компании согласно тоа што имаме новонастаната ситуација затоа што е регистриран првиот случај, рече Филипче.

Тој упати апел до јавноста, со оглед на големата побарувачка на заштитни маски и начин на пренесување, не само по респираторен пат, туку и со нечисти раце, маската може да биде дополнителен ризик.

Маската, вели министерот, треба да ја носи заболено лице за да не ја шири инфекцијата.

Тој ваквите информации ги соопшти на прес конференцијата по повод првиот случај на заразено лице во земјава.

Никола Ивановски

Leave a Reply