„Славија“ со Нушиќ ја наполни салата на НУЦК „Трајко Прокопиев“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Кумановци вчеравечер имаа можност да ја проследат претставата „Власт“ на 22то издание на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“, во изведба на Театар „Славија“ од Белград.

Loading...

Станува збор за претстава по текстот на Бранислав Нушиќ, а под режисерска палка на Радослав Златан Дориќ.

Актерската екипа која претежно е составена од повозрасни и поискусни актери, вели дека е чест да се игра оваа претстава на фестивалот, кој воедно ги врати во некои други времиња кога исто така гостувале со свои претстави во Куманово.

– Претставата е захтевна, сцената е огромна, многу народ и моравме да викаме, а тоа бара енергија, затоа што ние ова го играме на мала сцена во „Славија“, ова е искуство, иако сме играли на голема сцена, ова е една од најголемите. Мислам дека сум играла многу одамна во театарот гостувавме, убаво е Куманово, времето ви е прекрасно, публиката ви е прекрасна, рече актерката Јелица Сретеновиќ.

Loading...

Актерот Милан Цаци Михајловиќ се присети на своите настапу во 70те години од минатиот век, на претставата „Женски разговори“ која тогаш ја играл со Светлана Бојковиќ во кумановскиот театар.

– Претставата не е завршена и обично кога се игра „Власт“, режисерот ја завршува комедијата на свој начин. Ова беше еден сериозен режисер, имав среќа да играм и во неговото прво парче уште како студент во Народен театар, а овој кој го режираше и допиша мислам дека е 11та година како ја играме, а ова мислам дека е 131ва претстава, рече актерот Михајловиќ.

Фестивалот продолжува и вечерва кога на сцената во НУЦК „Трајко Прокопиев“ ќе биде изведена претставата „Жени пред нервен слом“ на Театар „Комедија“ од Скопје.

Leave a Reply