Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ вчеравечер заврши првото издание на Меѓународен фолклорен фестивал Куманово организиран од страна на Културно-уметничкото друштво „Панче Пешев“ и Фондација за култура и спорт при Општина Куманово.
Над 450 играорци од Македонија, Србија, БиХ, Бугарија и Колумбија, настапија на трите фестивалски вечери, каде ја претставија својата култура, фолклор и традиција.
Вчеравечер честа да го затвори фестивалот му припадна на Националниот ансамбл „Танец“ од Скопје, а на фестивалот во изминатите три дена учествуваа и: „Кочо Рацин“- Скопје, КУД „Карпош“ – Крива Паланка, КУД „Бајрам Шабани“ – Куманово, КУД „Панче Пешев„-Куманово, Студио „Етнос“- Скопје и Фолклорен ансамбл „Битола“, националниот ансамбл „Танец“, КУД „Јабланичко коло“ – Лебане, Лесковац, Србија, КУД „Живинице“ БиХ, Шопски ансамбл „Раде Радев“- Софија, Бугарија, компанија Артистика „Мангаларес„- Колумбија, Јужна Америка и КУД „Димитриеје Туцовиќ“ – Белград.
Во продолжение проследете ја атмосферата од третата фестивалска вечер, низ објективот на Кумановски Муабети.