5G предаватели поставени на Монт Еверест

Сподели со своите пријатели

По повод 60-годишнината од првото успешно искачување на Монт Еверест по северната рута и 45-годишнината од првото официјално мерење на највисокиот врв во светот, поставена е 5G мрежа за да се овозможи во живо следење на идните експедиции од 6.500 метри.

Loading...

Huawei и China Mobile поставија предаватели за 5G мрежата на Монт Еверест на надморска височина од 6.500 метри.

Мапа која го следи развојот на 5G мрежата во светот: Како стои Македонија?

Сто работници учествуваа во инсталацијата на предавателот и се користеа вкупно осум тони опрема, а покриеност на сигналот беше обезбедена на самиот врв, каде брзината на интернетот е 1 GB/s, објавија тие.

Предавателите беа поставени на тибетската страна на надморска височина од 5.300 и 5.800 метри, а потоа и на надморска височина од 6.500 метри. Поради тешки и непредвидливи услови, поставувањето било особено предизвикувачко.

– Условите во кои само ја подготвивме и инсталиравме базната станица за 5G мрежата беа исклучително тешки, а во инсталацијата учествуваа 100 работници. Се надеваме дека на овој начин ќе го приближиме Монт Еверест до многу научници, истражувачи и љубители на природата, а Huawei уште еднаш покажа дека цврсто верува во технологијата што може да го направи овој свет подобро место – рече Ванг Бо, директор на испорака и услуги на Huawei.

Сакале или не, 5G мрежата ќе има широка примена

Отсега, секој што ќе се искачи на Монт Еверест од кинеска страна, ќе може да емитува видео кое ќе го донесе ова неверојатно искуство уште поблизу до луѓето ширум светот.

Loading...

Исто така, веста за нови освојувања на врвотите повеќе нема да мора да чека со недели, денови или часови, туку може да се следи во живо во висока резолуција, посочуваат од Хуавеи.

Вистината за тоа дали 5G мрежата го предизвика коронавирусот (ВИДЕО)

Leave a Reply