02.11.2019 10:49

480 милиони луѓе загрозени од климатските промени


Вестите за климатски промени доаѓаат секој ден врз основа на мерења и податоци од официјални светски научни институции. Прогнозите не се оптимистични, според информациите објавени во списанието „Nature Communications“.

Текстот посочува дека бројот на лица изложени на ризик од поплавување како резултат на пораст на нивото на морето може да достигне 480 милиони, според Центарот за клима.

loading...

Дали Сонцето има улога во климатските промени?

„Глобалната закана од покачување на нивото на морето е многу поголема отколку што мислевме“, рече Бенџамин Штраус, кој раководи со Центарот за клима на универзитетот Принстон.

Овие податоци, добиени од топографските мерења на НАСА, покажуваат колку луѓе би можеле да бидат загрозени од поплавите до крајот на векот, но тие исто така не можат да заклучат колку луѓе ќе живеат во оваа област до крајот на векот.

Дали климатските промени носат нови заболувања?

Податоците се засноваат на мерења кои како основа го земаат зголемувањето на температурата на земјата за два степени целзиусови. Тој број сугерира дека околу 360 милиони луѓе се изложени на ризик.

Ако се земе во предвид најлошото сценарио, а тоа е се побрзото топење на Антарктикот, ситуацијата драматично ќе се промени, при што бројот на луѓе изложени на ризик ќе се зголеми над 480 милиони.

Поради климатските промени Гренланд би можел да извезува песок

Според истражувањето, Азија е најзагрозена, каде што живее голем процент од населението на нашата планета.

loading...

Според Бенџамин Штраус, сето тоа ќе доведе до нови миграции, но има и друго решение: дека веќе поголемите градови се подготвуваат за претстојните измени со прилагодување на нивната конструкција и инфраструктура.


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments