Matej Drixhen или Матеј Јовановски е петнаесетгодишен кумановец кој решително влегува на музичката сцена со својот прв трап албум.
„Trap Business“ е името на неговиот албум со осум нумери, за кои вели дека се американски монотон хард трап.
– Ова е стил што сѐ уште го нема кај нас, но сум сигурен дека ќе направи голем бум. За месец два, планирам и спот и уште нови проекти.
Јовановски вели дека со музика се занимава откако и знае за себе, првин започнало со љубовта кон гитарата, па продуцирање, за да на крајот се пронајдено во лириката.
Овој средношколец на СОУ „Перо Наков“ сам ги пишува текстовите и вели дека негова цел е со музика да го претстави својот град и местото каде што живее.
Албумот „Trap Business“ можете да го слушнете во продолжение.
https://www.youtube.com/playlist?list=PLfjkTerFDqmaBbE0xSU9tIcuP3UJ6itsA