10 мали работи кои ќе ви го поправат денот

Сподели со своите пријатели

Позитивноста дефинитивно може да ве направи посреќни, но исто така може да ве направи пријатна личност за дружење. Она што сепак е поважно од тоа е позитивноста да има важна улога во нашето здравје и благосостојба.

Loading...

Не е сосема јасно дали позитивните луѓе се позаштитени од сресот и болестите кои се поврзани со него, или позитивноста ги тера да донесат попаметни одлуки кога станува збор за здравјето и животните избори. Но, јасно е дека врската помеѓу позитивноста и здравјето постои.

Никој од нас не е секогаш позитивен и расположен, но овие мали секојдневни работи можат да ви помогнат да бидете попозитивни.

Престанете да се жалите без престан

Секому е потребен издувен вентил повремено. Но, ако константно се жалите на се и сешто, тоа е лошо за вашето здравје. Истражување од 2016 година покажало дека жалењето влијае на мозокот правејќи ве генерално песимистични.

Дозволете си издувни вентили, пожалете се на некои работи, но потрудете се веќе за 10 до 15 минути да го пренасочите вниманието на работите кои ве прават среќни.

Бидете свесни за се околу себе

Со други зборови, потрудете се да бидете навистина присутни во секој момент. Не ви е потребно некое дополнително време, само потрудете се да бидете свесни за работите кои веќе ги правите.

Loading...

Студиите покажале дека ова е прекрасен начин за „раскинува“ со лошите навики, и дека помага во ублажувањето на симптомите на депресија и анксиозност.

Наспијте се

Сонот е поврзан за општото здравје, па не е изненадувачки што недостатокот на сон ве спречкува да бидете позитивни.

Студијата покажала дека недостатокот на сон влијае на создавањето негативни мисли, затоа потрудете се да спиете доволно и ќе станувате многу подобро расположени.

Запишувајте ги работите на кои сте благодарни

Истражувањето спроведено на Харвард во 2003 година покажало дека искажувањето балгодарност на дневна база помага да бидете позитивни и пооптимистични, но и поздрави.

Издвојте секојдневно по 30 секунди и запишете на што сте благодарни.

Создадете утринска рутина

Loading...

Утринската рутина го диктира „тонот“ на остатокот од денот. Науката покажала дека практикувањето некои утрински рутини добро влијае на расположението и помага да бидете помалку песимистични.

Смислете рутина која ви одговара вам и времето кое наутро го имате на располагање, затоа што тоа треба да ви стане навика, ритуал до кој долгорочно ќе се придржувате.

Насмејте се

„Би требало да се смееш почесто“ е фразата која многумина ја цитираат и тоа не се кажува туку така. И науката докажала дека трудот вложен малку почесто да се смееме може да го излаже мозокот и да ни помогне да бидеме посреќни.

Минувајте време во природа

Луѓето кои минуваат време во природа се помалку анскиозни, помалку се фокусираат на некои негативни аспекти од ситуацијата. Имаат повеќе позитивни емоции. Значи, минувајте повеќе време надовр, а пожелно е својот простор да го збогатите со растенија.

Наместете го креветот

Звучи многу тривијално, но местењето на креветот би требало да ви стане утринска навика. Истражувањата покажале дека тоа ја потикнува креативност, позитивност и чувството на благосостојба.

Loading...

Пијте доста вода

Човечкото тело е составено претежно од вода. Тоа значи дека ако не внесувате доволно вода, лошо се одразува и на менталното здеавје и на когнитивните функции. Научниците тврдат дека и блага дехидратација може да допринесе за симптоми на аксиозност, замор и стрес.

Бидете љубезни кон другите

Голем број истражувања покажале дека љубезното однесување кон другите не прави среќни. Потрудете се секојдневно да направите нешто убаво за другите, бидете љубезни.

Leave a Reply