10 интересни факти за Куманово кои не сте ги знаеле (6 дел)

Сподели со своите пријатели

Кумановското КУД „Абрашевиќ“ пред Втората светска војна било многу активно и во своите редови ја собирало најнапредната младина која често даоаѓала во судир со полицијата. На една екскурзија во Прешево во 1935 година членовите ја прикажале „Мајка“ од Максим Горки во која главната ја имала Веселинка Малинска. Тогаш биле брутално нападнати од полицијата и спречени да ја прикажат претставата.

Loading...

Во 1941 година во Куманово излегувал весникот „Котомбрист“ – орган на КПЈ за Куманово. Излегувал еднаш месечно, пишуван на рака со молив и печатни букви во партиската техника. Неговото име било симбол за настаните од месец октомври во кумановскиот крај.

10 интересни факти за Куманово кои не сте ги знаеле (Прв дел)

Во Куманово во 1896 година имало 850 дуќани и околу 900 занаетчиски сергии. Од нив занаетчиски дуќани биле 441. Најмногу биле терзиски, абаџиски и ковачки дуќани.

На 11 мај 1936 година опинчарските работници од Куманово стапиле во штрајк бидејќи нивните работодавачи не им ги исполниле барањата за осумчасовно работно време, подобрување на хигиенско-техничката заштита и поради тоа што не им било овозможено да го празнуваат „Први мај“. Штрајкот завршил на 20 мај откако работодавачите се согласиле да ги зголемат акордните ставки за изработка на еден чифт опинци.

10 интересни факти за Куманово кои не сте ги знаеле (2 дел)

Колибата и трлото на дедо Ристе Романовски од Куманово служела како база на партизаните од Вториот кумановскит партизански одред, од каде диверзантите на чело со чичко Марко вршеле диверзии на пругата Куманово – Скопје.

Loading...

Во 19 век во Куманово манифактурните дуќани биле сместени во Безистанот (во близина на денешниот плоштад), што го изградил Бари бег од Кратово. Имало 26 дуќани и биле во рацете на крушевските Цинцари и скадарски Албанци.

10 интересни факти за Куманово кои не сте ги знаеле (3 дел)

Најстарата градска населба во Куманово со македонско население е Варош маало, кај денешната Стара Црква.

Првото  индустриското претпријатие во Куманово (Шарлаганцилница) било основано пред Балканската војна. Била сопственост на семејството Цимреви. Машините ги врел коњ.

10 интересни факти за Куманово кои не сте ги знаеле (4 дел)

Во почетокот на 18 век Куманово започнува да се словенизира. Така веќе во 1805 година македонското население имало свој учител, Гаврило Кратовец, за кој нема многу податоци.

Во 1943 година била формирана првата група на идниот Кумановски партизански одред која имала за задача да ја разгори борбата на кумановски терен. Групата била поделена на два дела и на 26 јуни 1943 година излегла од бавчите на Дане Цеков и Ангел Тодоровски.

Loading...

10 интересни факти за Куманово кои не сте ги знаеле (5 дел)

Leave a Reply