Тајландските власти соопштија дека „забележале нешто сомнително“ во уривањето на облакодер од 30 ката во Бангкок, по земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала што го погоди соседен Мјанмар минатата недела.
Поставени се голем број прашања за трагедијата што продолжува да се случува на градилиште во главниот град на Тајланд, пренесува CBS News.
Облакодерот од 30 ката во изградба беше единствената кула во Бангкок што не го преживеа земјотресот во петокот и серијата последователни потреси.
За само неколку секунди облакодерот се претвори во куп урнатини. Најмалку 19 лица загинаа при уривањето, додека уште 77 се водат како исчезнати.
Тајландските власти наредија истрага за овој изолиран колапс за да се утврди дали тоа би можело да биде предизвикано од несоодветни градежни материјали, пропусти во дизајнот или неуспеси во процесот на инспекција и одобрување.
Гувернерот на Бангкок, Чадчарт Ситипунт, го посети местото на трагедијата во понеделникот додека тешката машинерија ги расчистуваше урнатините со надеж дека ќе најде повеќе преживеани.
Тој рече дека сите напори се насочени кон пронаоѓање на оние кои се уште можат да се спасат.
„Дури и еден спасен живот е вреден за целиот труд, па мислам дека треба да продолжиме и да одиме напред“, рече тој.
Но, гувернерот нагласи дека надлежните веќе размислуваат како тоа можело да се случи и како да не се повтори слична трагедија.
„Она што е важно на долг и среден рок, мислам дека треба да ја најдеме причината, за да можеме барем да научиме неколку лекции и да ги подобриме градежните регулативи. На крајот, ќе имаме резултати кои ќе ја подобрат безбедноста во Бангкок.“
Премиерката на Тајланд Паетонгтарн Шинаватра беше меѓу оние кои изразија загриженост дека овој конкретен облакодер е единствениот што претрпел сериозна штета.
„Имам многу прашања. Што се случи од самиот почеток, откако беше дизајниран? Како беше одобрен овој дизајн? Треба да истражиме каде настанала грешката“, рече таа.
Таа ја потврди истрагата за инцидентот, во која ќе бидат вклучени група експерти кои ќе ги дадат првичните наоди во рок од неколку дена.
Некои критичари шпекулираат дека челичните шипки што се користеле за поврзување на бетонските компоненти во структурата можеби биле премногу тенки или со слаб квалитет.
Експертите земале примероци од неколку челични прачки од урнатините дека на местото на несреќата биле пронајдени шест различни видови челик, сите од ист производител,
„Уривањето на зградата може да биде резултат на повеќе фактори, од дизајнот, конструкцијата, до спецификацијата на материјалите. Најважен е стандардот на материјалите“, рече Аканат.
Градежниот проект за новата зграда на Државната ревизорска институција беше заедничко вложување меѓу тајландската компанија за недвижности Италијанско-тајландски развој и кинеската државна компанија China Railway No. 10 Engineering Group, која изврши најголем дел од градежните работи.
Заменик-комесарот на полицијата во Бангкок, генерал-мајор Нопасин Понсават, потврди дека полицајците испрашувале четворица Кинези кои биле пронајдени како отстрануваат 32 папки од контејнер зад урнатата зграда.
Полицијата ги запленила папките, а кинеските државјани биле пуштени на слобода.
Министерот за внатрешни работи на Тајланд, Анутин Чарнвиракул, потврди дека наредил истрага и барал резултатите од извештајот да му бидат доставени во рок од седум дена.
„Дефинитивно ќе ги дознаеме вистинските причини зошто оваа зграда се урна“, рече тој.
Надежта дека уште работници од градилиштето ќе бидат извлечени живи од урнатините брзо згаснува, но екипите со помош на специјално обучени кучиња продолжија да ги извлекуваат телата на жртвите, додека членовите на семејствата на исчезнатите работници се уште чекаат вести и веруваат дека ќе бидат спасени.