Зоран Заев во Куманово ја претстави изборната програма на СДСМ (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија вчеравечер во преполната сала на Центарот за култура „Трајко Прококиев“ во Куманово ја промовираше изборната програма на својата партија.

Во салата заедно со останатите граѓани беа и истакнати виоски политички фигури од редовите на СДСМ, како што е Петре Шилегов, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, лидерот на Достоинство – Стојанче Ангелов, како и градоначалникот на Општина Куманово Зоран Дамјановски.

 

Loading...

DSC_0076

 

Од вчера официјално преку трибините започнува промоција на партиската програма на СДСМ, а како што истакна лидерот на опозицијата Зоран Заев редно е да се започне од Куманово, кој како што потенцираше е бастион на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Меѓу 350 и 450 милиони евра годишно се крадат пари од Македонија. Се крадат од врхушката на власта и дел од врвот на администрацијата. Социјалдемократскиот сојуз има задача сите овие средства да ги искористи во враќање на стандардот на нашите граѓани. Главната нишка во програмата ќе биде да ги вратиме парите назад кон граѓаните. Да ги вратиме сите оние пари кои на годишно ниво се крадат. Да ги рационализираме непродуктивните трошења и по сите основи да го зајакнеме стандардот на граѓаните – рече Заев.

DSC_0001

 

Како што истакна првиот човек на СДСМ приоритет ќе биде јакнењето на буџетот на семејствата во државата и тоа преку економските политики на кои отпаѓаат 65% од новата програма, меѓу кои се наоѓа и проектот Повраток на данокот.

Ќе има можност секој граѓанин да врати 15% од данокот на додаден вредност на производот кој што го плаќаме сите. Секое она ДДВ што го има на секоја сметка 15% ќе го враќаме на граѓанинот. Преку потрошувачката картичка на секои три месеци граѓаните ќе можат да повратат ДДВ – потенцираше Заев.

DSC_0004

 

Според,  како што рече Зоран Заев, примерот на Холандија, Италија и Германија  државата годишно ќе инвестира од 20 до 50 милиони евра во зајакнување на домашните капацитети и отварање на нови проидзводствени погони.

Тоа не значи помош на бизнисмените во нивните инвестиции. Ќе дојдеме овде во Куманово и ќе направиме состанок со бизнис заедницата и ќе кажеме имате десет милиони евра резервоар за инвестиции во производствените капацитети, ако имате државата ќе партиципира со седум милиони евра. Ќе биде малцински партнер, а мнозинскиот партнер нека биде бизнис секторот. Во наредните 20 години ќе му дадеме  право и да си ги откупи по минимална вредност уделите во оваа заедничко државно-приватно претпријатие.

Целта на државно-приватното партнерство според програмата на СДСМ е платата да не биде помала од 29.000 денари месечно за да се подигне стандардот на граѓаните, политики кои според Заев значајно ќе ја зајакнат вкупната потрошувачка моќ на граѓаните и тоа преку 140 милиони евра кои СДСМ планира да ги вложи во домашните компании кои ќе отворат 64 илјади нови работни места во мандатот од четири години.

 

Loading...

DSC_0044

 

Нова мерки ќе ги опфатат и младите кои ќе се одлучат да започнат свој бизнис и да вложат од илјада до три илјади евра свои средства со што државата директно ќе им помогне со 10 илјади евра неповратни финансиски средства за развојот на самовработувањето. Мерката на младите бизнисмени, според лидерот на опозицијата, ќе им овозможи и да добијат финсиска, административна, книговотствена, техничка и секаков вид на поддршка преку бизнис инкубаторите.

За секој млад човек кој што ќе одлучи дека го завршува своето образование ќе добие веднаш пакет од страна на државата за тренинг од четири месеци заради негово практично обучување на сметка и на конто на Буџетот, ќе добие понуда за работа или понуда доколку одлучи да оди на високо образование на магистратура или докторирање државата директно да му го понуди тоа на младиот човек – рече претседателот на СДСМ.

DSC_0093

 

Како што истакна тој оваа мерка ќе биде приоритет на новата Влада, со чија помош младите би се задржале во државата откако ќе престанат со своето образование, а најави и мерки кои иселениците ќе ги вратат назад во Македонија.

Ќе воведеме и правично даночно оданочување. Секој што зема плата над илјада евра за приходот од илјада евра нагоре ќе плаќа 18% персонален данок на доход, а сите оние кои се под илјада евра ќе плаќаат 10% и помалку. Сите овие пари од ралзиките ќе бидат насочени кон јакнење  на најсиромашната класа на граѓани. Социјалната помош ќе ја зголемиме за 40%. Граѓаните постари од 64 и 65 години кои немаат 15 години стаж, а наполниле услови за старосна пензија, а нивниот број е огромен сега, за нив ќе ја воведеме социјална пензија за да можат и тие граѓани пристојно да го живеат животот до крај додека господ го дал – најави Заев.

DSC_0055

 

Реформи ќе следуваат и во јавната администрација и тоа преку систем за испорачување на услугите на граѓаните, со воведување втора смена која на граѓаните кои работат ќе им биде на располагање, а на тој начин според Социјалдемократите, ефективноста и квалитетот на администрацијата ќе се зајакне.

Еднаквост и рамноправност ќе добијат и етничките заедници во рамките на користење на својот мајчин јазик во јавната администрација и државните институтуции каде енитчките заедници се мнозинство или повеќе од 20%.

За жал менталниот склоп на граѓаните го променија во целиот нивен десетгодишен мандат на владеење и тоа само за пуста власт и за пусти пари. Како да живеат илјада години, а не како што дал господ еден век. Ова мора да го промениме заедно сите – рече Заев и порача дека ќе дојде време кога ќе се гордееме што сме Македонци.

DSC_0100

 

Loading...

На трибината свое обраќање имаше и Претседателот на комисијата за одбрана во СДСМ, Максим Димитриевски,  Драган Тевдовски, претседател на Комисијата за економија и член на Извршниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, како и Еролд Адени.