Жителите на Оризари бараат ЕВН да ги одвои од Слупчане оти си плаќаат струја

Сподели со своите пријатели

Жителите на липковското село Оризари денеска излегоа на протест пред подружницата на ЕВН во Куманово со барање да им се приклучи струја.

Loading...

Тие останаа без напојување откако мештани на соседно Слупчане вчера ги искршиле трансформаторите оти не даваат ЕВН да влезе во селото кое немилосрдно краде струја.

Оризарци бараат ЕВН да им приклучи струја, а со Слупчане да прават што сакаат.

– Ако се Слупчане казнува зошто не плаќа, ние се казнуваме зошто не плаќаме струја, навистина ми е жал, но не знам како ќе биде. Дојдовме и мислиме дека ќе најдеме заеднички јазик со ЕВН да ни пуштат, струја, ние ќе бидеме задоволни. Баравме да не одвојат од село Слупчане и да немаме повеќе ние заеднички столбови на струја, да се делиме со нив, па со Слупчане нека си прават што сакаат, велат жителите на Оризаре.

Фаредин Дестани од Оризари вели дека поради тоа што немаат струја веќе над 24 часа, селото нема ни вода. И тој повторува дека со Слупчане немаат ништо.

– Ние со Слупчане немаме ништо. ЕВН да си врши работа, со нив што сака нека прави, ние не сме криви да немаме струја 24 часа, и вода ни е на струја. Има продавници, кафиќи, и штали со крави што немаат вода да пијат, што нема да ги послужат со вода, вели Дестани.

Тој додава дека биле кај директорот на кумановската подружница, кој како што тврди, им кажал дека додека не се постават мерачи во Слупчане и за Оризаре ќе нема струја.

– За ова излеговме тука и ќе излегуваме секој ден, директорот за мене веќе не е директор, со луѓе да се збори вака мислам дека не е во ред, ќе протестираме мирно, ќе продолжиме и во поголем број, ќе има и тужба од цело село и лично од луѓе што имаат фирми и си плаќаат данок во селото, па ќе видиме, додава Дестани.

Loading...

Инаку Слупчанци веќе долго време прават проблеми на екипите на ЕВН, а од компанијата велат дека додека не се гарантира безбедност на нивните вработени, тие нема да влезат во селото и да ги отстранат дефектите.

Несовесното однесување на Слупчанци вчера остави без струја шест други липковски села, но и Граничниот премин Табановце, откако ги скршиле трафостанциите.

Никола Ивановски