Жесток напад на руска територија: Над 50 проектили и гранати го погодија Белогород

Сподели со своите пријатели

Украинските сили истрелаа повеќе од 50 проектили и гранати на локации во руската погранична област Белгород во изминатите 24 часа, при што загина едно лице, напиша денеска гувернерот Вјачеслав Гладков на својот канал Телеграм.

Loading...

„Селото Нехотеевка, округот Белгород, беше под оган, врз него беа испукани осум артилериски гранати, кои не резултираа со жртви или материјална штета. Исто така, неколку воздушни цели беа соборени од воздушната одбрана над областа. Поради тоа искршени се стакла на станбена зграда во Разумноје, оштетени се осум приватни куќи, оштетени се и четири автомобили и далновод“, изјави Гладков.

Гувернерот претходно изјави дека селото Новопетровка во областа Валуј вчера било под оган и дека во таа прилика маж со стомачна повреда починал додека бил пренесен во болница со амбулантно возило.

Под минофрлачки оган се најде и периферијата на селото Стари, каде беа испукани 12 минофрлачки гранати“, изјави Гладков.

Вкупно 13 ракетни и минофрлачки гранати погодија уште две села, рече тој, додавајќи дека во тие напади нема жртви или материјална штета.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.