Земјотрес од 6,2 степени ја погоди провинцијата Папуа во Индонезија

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди индонезиската провинција Папуа, соопшти Националната геофизичка агенција.

Loading...

Не е издадено предупредување за цунами, пренесува Ројтерс.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 33 километри, на копно.

Земјотресот беше силно почувствуван во Џајапура, главниот град на Папуа, но нема извештаи за повредени или материјална штета, изјави портпаролот на локалната полиција.

Индонезија се наоѓа на таканаречениот „Огнен прстен на Пацификот“, кој е сеизмички многу активна зона, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Обновливите извори сочинуваат над 30% од производството на електрична енергија во светот