Земјите од ЕУ усогласија нов пакет санкции против Русија!

Сподели со своите пријатели

Постојаните претставници на земјите-членки на Европската унија договорија нов пакет санкции против Русија, соопшти претставничката на Чешка во ЕУ, Едита Хрда.

Loading...

„Штотуку постигнавме политички договор за нови санкции против Русија. Сега ќе следи писмена процедура, санкциите ќе стапат на сила во моментот на објавување во службен весник“, објави таа на Твитер.

Новите санкции на ЕУ против Русија предвидуваат забрана за транспорт на руска нафта по морски пат до трети земји по цена над утврдената граница, соопшти делегацијата на Чешка.

Санкциите вклучуваат и забрана за обезбедување ИТ и правни услуги за руските организации.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Рускиот суд го осуди портпаролот на Мета на шест години затвор

Забранет е увоз на производи од челик, хартија, хемиски производи, пластика, цигари од Русија.

Во новиот пакет санкции ќе се прошири листата на лични ограничувања за физички и правни лица од Русија.

ЕУ ќе воведе и нови критериуми за казнување на обидите за заобиколување на санкциите.

Според проценката на Европската комисија, новите ограничувања ќе ја лишат Русија од седум милијарди евра приход.

Loading...

Санкциите на ЕУ за забрана за увоз на руска сурова нафта во земјите на ЕУ по морски пат стапуваат на сила на 5 декември.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.