Приведен кумановец кој предизвикал сообраќајка под дејство на алкохол

Сподели со своите пријатели

Четириесет и тригодишен кумановец бил приведен вчеравечер под сомнение дека под дејство на алкохол предизвикал сообраќајна незгода.

– На 03.11.2026 во 20:32 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.С.(43) од с. Биљановце, кумановско, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Претходно, како што појаснуваат од полицијата, во атар на с. Лопате, кумановско управувал патничко возило „ауди“ со словенски национални ознаки и учествувал во сообраќајна незгода, а при извршен увид и проверки, било констатирано дека С.С. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,55 промили алкохол.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Експлозија на плинска боца во стан во Куманово

– По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.

Никола Ивановски