Групна тепачка во Средорек

Сподели со своите пријатели

Со физичка пресметка повеќе лица го нарушиле јавниот ред и мир вчера попладне во кумановската населба Средорек.

– На 03.11.2026 во 18:25 часот во СВР Куманово, А.М. од Куманово пријави дека во нас. „Средорек“ во Куманово, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка помеѓу повеќе лица, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Денеска и утре без струја делови од Куманово