Зеленски за масакрот во Херсон: Убиваат од задоволство

Сподели со своите пријатели

Руските сили синоќа жестоко го нападнаа регионот Херсон на југот на Украина, кој неодамна беше делумно ослободен, соопшти гувернерот на Херсонската област.

Loading...

Во нападите извршени ден пред Божиќ, руските сили убиле пет цивили, а повредиле 35, меѓу кои и едно шестгодишно девојче.

Јарослав Јанушевиќ, гувернерот на регионот Херсон, објави дека девојчето е тешко повредено и префрлено во болница со повеќе повреди од шрапнели.

Нејзината состојба е сериозна, најави тој. За смртоносните напади на Керсон денеска зборуваше и Кирило Тимошенко, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, опишувајќи ги како „акти на терористи“.

Не долго потоа, украинскиот претседател Володимир Зеленски објави на својот канал Телеграм: „Ова не е за воени цели. Ова е за убивање заради заплашување, но и за задоволство“.

– Социјалните мрежи најверојатно ќе ги означат тие фотографии како „чувствителна содржина“. Но, тоа не е чувствителна содржина – тоа е реалниот живот на Украина и Украинците – додаде тој.

 

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.