Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа во ново видео обраќање рече дека Руската Федерација мора да биде прогласена за држава која го спонзорира тероризмот, а нејзините вооружени сили за терористичка организација.
Loading...
Според него, Киев работи и на тоа „демократскиот свет“ да одговори со санкции против сите руски функционери кои ја поддржуваат, како што рече, „оваа срамна војна“, пренесува Укринформ.
Loading...
Тој истакна дека шестиот пакет санкции подготвен од Европската унија ќе биде „навистина болен за руската воена машина и за руската држава во целина“.