Зеленски по самитот во Париз: Нема да се откажеме од нашата земја и независност

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека вчерашниот самит за поддршка на Украина во Париз е многу „мотивирачки“ и рече дека Украина нема да се откаже од својата независност.

Loading...

„Мислам дека самитот беше многу мотивирачки… Мислам дека мојот дијалог со лидерите е мотивирачки. Мислам дека сите лидери се полни со енергија. Мислам дека лидерите не нѐ напуштаат, туку ќе ја поддржат Украина. Ова е лош сигнал за Путин“, рече Зеленски на прес-конференцијата по лидерската средба за поддршка на Украина и безбедноста во Европа, пренесува украинскиот Интерфакс.

Тој рече дека Украина е силна земја која навистина сака мир.

„Нема да се предадеме, нема да се откажеме од нашата земја, од нашата независност. Путин едноставно не може да ни го направи ова… Ние не сме сами“, рече Зеленски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија и САД започнуваат разговори за проекти поврзани со руските ретки метали

Зеленски сака гаранции од САД Тој нагласи дека му е важно Украина да е во силна позиција во мировните преговори и дека и се потребни американски гаранции дека Русија нема да започне нова војна.

„За мене е важно Украина да има силна позиција во преговорите. За да имаме шанса да ја завршиме војната преку преговори – и не само да ја завршиме, туку да имаме праведен, траен мир, за утре повторно да нема војна – сакам гаранции од Соединетите Американски Држави“, рече Зеленски.

Според него, овие гаранции не треба да зависат од тоа кој е моментално во Белата куќа.

Зеленски додаде дека на вчерашната средба, лидерите на „коалицијата на доброволните“ земји изразиле едногласна одлука дека нема да има укинување на какви било санкции наметнати кон Русија.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Популарноста на Макрон продолжува да расте

„Додека оваа војна не заврши со праведен мир, тоа нема да се случи. Ова е сигнал од европските земји“, нагласи Зеленски, додавајќи дека Вашингтон треба да биде „построг“ кон Москва.

„Ние навистина сакаме американскиот претседател Доналд Трамп да биде посилен од шефот на Кремљ Владимир Путин“, нагласи тој, истакнувајќи дека за тоа е потребна соработка со Белата куќа, особено на ниво на лидери, официјална дипломатија и други „канали“.

Путин е „оној кој не е подготвен за директни преговори“, им рече Зеленски на новинарите дека не планира да ги посети САД во блиска иднина, бидејќи ова прашање не е на дневен ред.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Денеска пресуда за Марин Ле Пен и 24 нејзини сопартијци за проневера на средства од ЕУ

Тој оцени дека Европа, покрај Киев, на преговарачка маса треба да ја претставуваат и неколку земји за прекин на војната.

„Европа е многу голема и мора да има јасно претставување на оваа преговарачка маса. Денес сите се согласивме дека Европа ќе ја претставуваат Франција и Велика Британија – [Емануел] Макрон и [Кир] Стармер. Тоа е заеднички став на сите лидери“, рече тој.

Зеленски додаде дека генерално не се плаши од никаков преговарачки формат и дека Путин е „оној кој не е подготвен за директни преговори“.