Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во средата дека конфликтот со Русија нема да заврши додека не се ослободи црноморскиот полуостров Крим, анектиран од Москва.
Крим е украински и никогаш нема да се откажеме од него, рече Зеленски во своето видео обраќање ноќе.
„Црноморскиот регион не може да биде безбеден се додека Крим е окупиран. Нема да има стабилен и траен мир во многу земји на брегот на Средоземното Море, се додека Русија може да го користи нашиот полуостров како своја воена база. Оваа руска војна против Украина и против целата слободна Европа почна со Крим и мора да заврши со Крим, односно со негово ослободување“, рече Зеленски.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.