Зеленски: Имаме јасни докази дека никој во Украина не направил „валкана бомба“

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се осврна на мисијата на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) и рече дека организацијата ги посетила сите објекти кои руските претставници ги споменале кога зборувале за „валканата бомба“.

Loading...

– Ја поканивме МААЕ да провери, им дадовме целосна слобода на дејствување во соодветните капацитети и имаме јасни и непобитни докази дека никој во Украина не направил и не прави какви било „валкани бомби“. Единственото нешто што е валкано сега на нашите простори се главите на оние во Москва кои, за жал, ја презедоа контролата врз руската држава и ја тероризираат Украина и целиот свет – нагласи тој во своето ноќно обраќање.

– Слава на сите што ја бранат нашата земја! Слава на сите кои се борат и работат да ја доближат нашата победа! Што се однесува до фронтот, момчињата се движат напред. Што се однесува до житото, бродовите се на пат – додаде тој.

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.