Затворениот градски базен ќе биде пуштен во мај следната година

Сподели со своите пријатели

Половина милион денари се предвидени за свеченото отварање на затворениот градски базен, а истиот првите капачи ќе ги прими во мај 2016 година, според програмата на Фондацијата за култура и спорт, беше соопштено вчера на одржаната седница на советот на Општина Куманово.

Loading...

Советникот Мирослав Стоајновски од редовите на ВМРО ДПМНЕ обвини дека тоа се многу пари за свечено отворање на градскиот базен, но градоначалникот вели дека тоа се средства за организирање на Училишните олимписки игри.

Сумата од 500.000 денари е за таа манифестација, затоа што ќе присуствуваат околу 500 ученици со нивните професори, а тоа ќе биде промотивниот карактер на градскиот базен – вели Дамјановски.

Целосна употреба на затворениот и отворениот градски базен се предвидува за почетокот на летната сезона.