Започнува истрагата за воени злосторства: Француски истражители пристигнаа во Украина

Сподели со своите пријатели

Францускиот амбасадор во Украина Етјен де Понсинс објави фотографија од Лавов на која се прикажани тимови кои пристигнале од Франција за да им помогнат на локалните власти да ги истражат воените злосторства.

Loading...

Тој на Твитер објави дека тим полициски истражители дошол да им помогне на своите украински колеги „во истрагата за воените злосторства извршени околу Киев“.

 

Војната ќе се решава во следните три недели, вели американскиот генерал (ВИДЕО)

 

„Франција беше првата што обезбеди таква помош. Ќе биде на работа утре. Солидарност“, напиша тој на Твитер.

 

Loading...

 

Германија гледа огромни индиции за воени злосторства

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок вели дека Германија гледа огромни индиции за воени злосторства во Украина.

– Имаме огромни индиции за воени злосторства. На крајот ќе треба да одлучат судовите, но централно е да ги обезбедиме сите докази – изјави таа за новинарите пред средбата со колегите европски министри во Луксембург.

 

Британија: Русите би можеле да користат фосфорни бомби во Мариупол. Можат да изгорат човек до коска

 

– Како германска федерална влада веќе јасно ставивме до знаење дека ќе има целосно укинување на фосилните горива, почнувајќи од јагленот, потоа нафтата и гасот, а за да може тоа заеднички да се спроведе во Европската унија, потребна ни е заеднички, координиран план за целосно укинување на фосилните горива – додаде таа.

Loading...