Започна реконструкцијата на „Бајрам Шабани“, ќе се асфалтира целата траса (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово започна со целосна реконструкција на улицата „Бајрам Шабани“, проект кој се реализира со средства обезбедени преку Вториот владин повик од унгарскиот кредит.

 

 

Според информациите што ги објави градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, во моментов се изведуваат работи за поставување бетонски рабници и изградба на нови тротоари, по што ќе следува асфалтирање на целата улица.

 

 

Претходно на оваа локација е завршена изградбата на атмосферска канализација во должина од над 800 метри, што претставува важен предуслов за понатамошно уредување на сообраќајната инфраструктура и подобрување на условите за жителите од овој дел на градот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Над 50% од проектите од унгарскиот кредит се реализираат (ВИДЕО)

 

 

Од Општината посочуваат дека проектот е дел од поширок инвестициски циклус финансиран преку владината програма и средствата од унгарскиот кредит, преку која во Куманово се предвидени околу 30 инфраструктурни проекти.

 

 

Градоначалникот Димитриевски неодамна информираше дека повеќе од половина од проектите веќе се воведени во работа, додека дел од нив активно се реализираат на терен.

„Над 50 проценти од сите апликации, тоа се некаде околу 30 инфраструктурни проекти, веќе се воведени во работа, а половина од нив веќе се работат“, изјави Димитриевски.

 

 

Тој појасни дека дел од проектите ќе започнат по обезбедување дополнителни средства преку ребалансот на државниот буџет, со цел да се избегнат евентуални финансиски потешкотии за компаниите изведувачи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Судот го отстрани од домот кумановецот кој подолго време се заканувал на својата снаа

„Внимаваме на постапката за да не дојдеме во несакана ситуација да ги заглавиме самите фирми изведувачи во финансиски вакуум, каде што подолг временски период не би можеле да им ги надоместиме извршените работи“, рече тој.

 

 

Според оценката на градоначалникот, динамиката на реализација на активните проекти е задоволителна, а локалната самоуправа останува посветена на инвестиции во патната и комуналната инфраструктура со цел подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Никола Ивановски