20-годишник приведен во Куманово, возел автомобил без дозвола

Сподели со своите пријатели

Дваесетгодишник од Куманово бил приведен вчера попладне откако полицијата констатирала дека управувал возило без да поседува возачка дозвола.

– На 09.06.2026 година во 13:35 часот кај место викано „бавчи“ Куманово полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.П. (20) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле патничко моторно возило „поло“ со кумановски регистарски ознаки, кое тој го управувал и по извршени проверки било констатирано дека го управува без да поседува возачка дозвола.

– По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик-„безобѕирно управување со моторно возило“, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Советот на Општина Куманово утре ќе ја одржи 12. седница

Никола Ивановски