Бобан Стајиќ – нов играч на МКК Куманово

Сподели со своите пријатели

Бобан Стајиќ е првото име со кое раководсвото на МКК Куманово се засили во пресрет на новата сезона.

Во наредните две години искусниот Стајиќ ќе го носи дресот на МКК Куманово, откако минатата година имаше успешна игра во битолски Пелистер.

– Стајиќ носи богато искуство, лидерство и кошаркарска интелигенција, што ќе претставува огромно засилување за нашиот тим во пресрет на новата сезона. Со нетрпение очекуваме да го видиме во сино-белиот дрес и да придонесе за нови успеси на клубот, велат од МКК Куманово.

 

 

Триесет и двегодишниот разигрувач има богата кариера во македонските клубови. Има настапувано и за Лирија, МЗТ, Фени Индустри, Куманово, МЗТ, Работнички, Кожув, а минатата сезона ја заврши во Пелистер.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  За над 13.000 ученици заврши учебната година во Куманово, најуспешните ќе добијат признанија (ВИДЕО)

 

 

Од претходниот состав на Куманово, единствено е познато дека својот договор нема да го продолжи Урош Луковиќ.

Никола Ивановски