Захарова: Реакцијата на Лондон е хистерична, нека се обратат до властите на ДНР

Сподели со своите пријатели

Русија денеска соопшти дека Британија треба да се обрати до властите на Доњецката Народна Република во врска со двајцата британски државјани кои беа осудени на смрт пред судот во Доњецк.

Loading...

Портпаролката на Министерството за надворешни работи Марија Захарова на каналот „Телеграм“ напиша дека реакцијата на Велика Британија на ваквите случаи е „често хистерична“.

Русија соопшти дека двајца Британци и еден Мароканец заробени во источна Украина се странски платеници.

Британската влада тврди дека тие се воени заробеници и дека имаат право на заштита според Женевската конвенција.

Британскиот министер за надворешни работи Лиз Трас денеска изјави дека пресудите против двајца Британци осудени на смрт во источна Украина се кршење на Женевската конвенција.

„Пресудата против нив е грубо кршење на Женевската конвенција“, напиша Трас на Твитер по разговорот со украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба, пренесе Ројтерс.

Таа разговараше за тоа како да се интензивираат напорите за ослободување на воените заробеници на проруските територии во Украина.

Врховниот суд на ДНР вчера осуди на смрт двајца државјани на Велика Британија и еден државјанин на Мароко, кои како странски платеници се бореле на страната на Украина.

Loading...

Британските државјани Шон Пинер и Ејден Аслин, како и Мароканецот Садун Брахим, се изјаснија за виновни за чинот на насилен обид за преземање на власта, за што Кривичниот законик на ДНР предвидува смртна казна.