Заев: За многу кус период, и доказите за Смилковско ќе бидат споделени со јавноста (видео)

Сподели со своите пријатели

По средбата со бугарскиот премиер Бојко Босиров, лидерот на СДСМ Зоран Заев на новинарско прашање поврзано со случајот Смилковско езеро, истакна дека во многу брз временски период и доказите за овој случај ќе бидат споделени со јавноста.

Loading...

 

– Знаете дека Смилковското Езеро е еден од пакетите на докази коишто и граѓаните на Македонија ги чекаат. Ние се трудиме да бидеме внимателни со објавувањето на тие докази коишто ги поседуваме. Зошто? Заради тоа што е чувствителна состојбата во Република Македонија после настаните во Куманово. Но, ветивме на граѓаните дека целата вистина ќе ја споделиме, така што во во многу брз временски период и доказите за Смилковското Езеро ќе бидат споделени со јавноста, рече Заев.

Leave a Reply