По повод чествувањето на светиот месец Рамазан, во организација на Исламски Младински Форум и Општина Куманово, вчеранавечер на градскиот плоштад се одржа осма по ред заедничка вечера – ифтар, на која близу илјада луѓе од муслиманска и православна вероисповест добија бесплатна вечера и пијалоци.
[huge_it_gallery id=”96″]
На вечерата, освен верниците, присуствуваа и градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски, претставници на ОБСЕ и УНДП, градоначалникот на Општина Липково, Садула Дураку, советници, директори на јавни претпријатија, Министерот за локална самоуправа, Лирим Шабани, претставници на СВР Куманово, политички партии од градот и невладини организации, пратеници во Собрание на РМ, како и претставници на Муфтинија на Куманово и Кумановско – осоговска епархија.
Според претседателот на Младински Исламски Форум, Берат Лимани, ифтарот финансиски беше поддржан од Општина Куманово, но и од канцелариите на УНДП и ОБСЕ, Министерство за локална самоуправа и приватни донатори.
– Исламски Младински Форум преку ифтарот се обидува да придонесе во зближувањето и запознавањето меѓу граѓаните на Куманово, овозможувајќи одблиску да си ги искусат верувањата, културата и традициите на нивните сограѓани од различна верска и етничка припадност. Активности слични како овој Голем Заеднички Ифтар придонесуваат во растење на довербата меѓу граѓаните на Куманово, доверба која што ке резултира со социален и општествен развој и ке ги рушат општествените бариери меѓу самите граѓани, вели Лимани.
Во своето обраќање, градоначалникот Дамјановски ја потенцираше важноста на вакви дружења, во дух на чување на соживотот во Куманово, со оглед дека градот е пример за градење доверба, зближување на народите и почитување на различностите и религиозна толеранција.
За време на ифтарот, кратки говори и градоначалникот на Општина Липково, Садула Дураку, Министерот за Локална Самоуправа, Лирим Шабани, Амбасадорката на UNDP во Македонија,Луиза Витон како и Амбасадорката Мариан Берецз од Мисијата на ОБСЕ во Македонија.
На заедничкиот ифтар присуствуваа и волонтерите кои несебично помагаат во организација и помош со храна и медицински третман на илјадниците мигранти кои секојдневно пристигаат на граничниот премин Табановце.