За покој на загинатите: 40 дена заупокоена литургија во храмот свети Никола

Сподели со своите пријатели

Во митрополитскиот соборен храм на св. Никола во Куманово, Митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф денес служеше Заупокоена Литургија за загинатите припадници на полициските сили.

Loading...

Да се даде својот живот за своите ближни е најголема и највозвишена жртва која еден човек може да ја направи. Оттука, голема е и нашата обврска да им оддадеме секаква почит и никогаш да не ги заборавиме, но и да принесуваме молитви за покој на нивните души, и утеха на нивните најблиски, пишува на страната на КОЕ.

На богослужбата се произнесоа и молитви за побрзо закрепнување на останатите повредени полициски службеници, и утврдување на мирот во земјата.

Секое утро во следните четириесет дена во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово ќе се богослужи Света Заупокоена Литургија, за покој на душите на македонските бранители. Се повикуваат сите благоверни граѓани да земат молитвено учество во овие богослужби.

Leave a Reply