Кинескиот технолошки гигант Xiaomi го претстави еден од своите најамбициозни проекти досега – робот со големина на човекот кој може да оди, да држи предмети, да донесува одлуки и да ги разбира човечките емоции.
Иако сѐ уште е прототип, кинеската марка се надева дека наскоро ќе може да го донесе на пазарот.
Meet #CyberOne, our first full-size humanoid robot developed by the Xiaomi Robotics Lab. He is 1.77 meters tall and weighs 52 kg, kind of a big guy among humanoid robots. What nickname should we give him?🤔 pic.twitter.com/WTPOiiC8Ji
— leijun (@leijun) August 11, 2022
Роботот е висок 177 см и тежок 52 килограми. Се движи со брзина од 3,6 km/h, а го гледа светот благодарение на вградениот OLED екран со камери и микрофони.
Роботот може да „чита“ и емоции и да идентификува над 45 човечки изрази и 85 феномени во животната средина.
Вештачката интелигенција му помага да учи од своите грешки.
Целта на компанијата е уште повеќе да го подобри роботот, за да биде подготвен за секакви временски услови, а се надеваат дека ќе може да го замени човечкиот труд во одредени сегменти.
Производството чини околу 90.000 евра, но од Xiaomi се надеваат дека трошоците ќе се намалат и дека роботот ќе се најде на пазарот по многу поприфатлива цена.
Xiaomi тврди дека CyberOne може да ги разбере човечките емоции, како и да создаде 3D реконструкција на околината.
Постои и модул за длабинско прегледување „Mi-Sense“, кој е интегриран во алгоритмот за интеракција со вештачка интелигенција.
„Со цел да комуницира со светот, CyberOne е опремен со MiAI модул за препознавање на семантиката на околината, како и MiAI мотор за препознавање гласовни емоции. Ова му овозможува да препознае 85 видови звуци од околината и 45 класификации на човечките емоции“, според Xiaomi.