Во организација на Боксерски клуб Куманово 84, а под покровителство на градоначалникот и Советот на општина Куманово и Боксерската Федерација на Македонија ќе се одржи вториот меѓународен боксерски турнир Мирослав Петровиќ на 4-ти јуни во 18.часот во Куманово поточно во Соколана .
На турнирот ќе учествуваат боксери од нашата држава, Србија, Црна Гора , Бугарија и Косово
Турнирот ќе се одржи во чест на прославениот боксерски тренер Мирослав Петровиќ кој остави длабока трага со својата работа и ангажман во овој спорт, не само кај нас во нашата држава туку и пошироко.
Според програмата предвидени се околу 21 борба , поделени во најразлични категории.
Како гости на турнирот во негова чест ќе бидат присутни и најдобрите 10 боксери од поранешните југословенски простори.
За најдобрите предвидени се награди и признанија кои ќе бидат доделени по завршување на натпреварувачкиот дел и на крајот од турнирот.
Интегрално соопштение