Танцовото студио ”Fusion” од Куманово, предводено од Сања Лазаревска, Бојана Додевска, Александра Петрушевска и Леона Стојчевска, го најавува својот втор годишен концерт, кој ќе се одржи во МКЦ – Кино Козјак Куманово.
Loading...
Основано во март 2013 година, танцовото студио со миксот на четирите различни личности, неисклучувајќи ги нивните различни гледишта на танцот и различните начини на истражување, е она што придонесува да се поместат границите на нивните креации и она што дава повеќе простор за растење на самото студиот и на членовите, велат од ”Fusion”.
На вториот годишен концерт закажан за 12 јуни во МКЦ, ќе бидат прикажани дел од кореографиите кои беа обработени во тек на 2015 година.