Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи денеска можеме да очекуваме сончево време со умерена облачност. По одделни котлини, речни долини и планински превои со појава на утринска магла и ниска облачност.
Минималната температура ширум државата ќе биде од 6 до 13 степени, додека максималната дневна ќе достигнува вредности во интерва од 18 до 23 степени целзиусови.
И во Куманово времето денеска ќе биде делумно сончево со сосема слаб ветер од југоисточен правец. Температурата ќе изнесува од минимални 10, до максимална вредност од 19 степени целзиусови.
И во понеделник времето ќе биде претежно стабилно со утринска магла по одделни котлини. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и во текот на ноќта можен е слаб локален дожд.
Од вторник нашето подрачје ќе потпадне под влијание на влажна воздушна маса, што ќе услови врнежи од дожд со променлив интензитет и пад на температурата од среда за кога се очекуваат и пообилни врнежи од дожд, стои во соопштението од УХМР.