Времен режим на сообраќај на автопатот Скопје – Куманово

Сподели со своите пријатели

На десната коловозна лента на автопатот Скопје – Куманово од 11 часот вчера е воведена времена измена на режимот на сообраќај.

Loading...

– Во должина од 1.000 метри (пред НС Миладиновци до НС Миладиновци), сообраќајната лента за принудно запирање и сообраќајната лента за возење ќе бидат затворени, додека сообраќајот се одвива по левата сообраќајна лента за претекнување, појаснуваат од Автомото сојузот на Македонија.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по cуви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кривопаланчанец натепал кумановец и му го оштетил возилото

Никола Ивановски