Враќање дома: Луѓето во Припјат, прв пат од катастрофата во Чернобил

Сподели со своите пријатели

Градот Припјат во Украина, кој беше брзо евакуиран по нуклеарната катастрофа во Чернобил, ја прослави својата 50-годишнина.

Loading...

Поранешните жители се вратиле во овој град за прв пат од иселувањето за да ја прослават годишнината од градот.

Во „градот на духовите“ сепак има живи: Тие одбиле да ги напуштат домовите во Чернобил (ВИДЕО)

Овој, сега веќе, град на духови првично беше младо, живописно и богато место.

Image by Денис Резник from Pixabay

Нуклеарната катастрофа што се случи во 1986 година во термоцентралата во Чернобил целосно го уништи градот.

Град низ кој денеска шетаат илјадници туристи наместо населението, без да се чувствува дека некогаш бил нечиј дом.

Loading...

Што крие контролната соба на озогласениот реактор 4 во Чернобил? (ВИДЕО)

Припјат е основан на 4 февруари 1970 година, на само два километри од озлогласената термоцентрала, а беше евакуиран по нуклеарна катастрофа. Сега тоа е совршена туристичка дестинација.

Image by Денис Резник from Pixabay

Туристите се шетаат низ неговите улици, минувајќи низ плоштадите обраснати со трева за да го видат градот замрзнат во времето – пренесува Еуроњус.

Овој град во северна Украина е изграден за многу кратко време. Припијат е дизајниран како место каде ќе живеат работниците на термоцентралата и нивните семејства.

Таа е единственото дете родено и израснато во Чернобил (ФОТО)

Според пописот од 1985 година, имало 47.500 жители. Кога евакуацијата на Припјат започна ден по катастрофата, на населението им било кажано дека преземаат мерки на претпазливост и да ги преземаат само најпотребните работи, бидејќи тие ќе се вратат за неколку дена или недели.

Loading...

Image by Денис Резник from Pixabay

Се разбира, тие никогаш не се вратиле. Многу жители на Припјат подоцна го населиле новоизградениот град Славтих.

Иако Припијат е познат како град-духови, светот на животните напредуваше од катастрофата.

Приказната за професорот Легасов – Херојот на Чернобил (ВИДЕО)

Најмногу се мисли на коњите кои се сметаат за античка раса на диви коњи, кои никогаш не биле скротени од луѓето. Тие биле видени во Припјат во 1998 година, дванаесет години по нуклеарната катастрофа.

Image by Денис Резник from Pixabay

Loading...

Нивниот број некое време беше на завидно ниво, но тој број се намали во последните години.

Иако е логично прво да се мисли дека нивниот број се намалува како резултат на ефектот на зрачење, поверојатно е дека се во прашање ловокрадците.

НАЈСТРАШНАТА СНИМКА ОД ЧЕРНОБИЛ: Човекот кој ја направил починал два месеци потоа (ВИДЕО)

По прикажувањето на серијата „Чернобил“, Припјат стана попопуларен од кога и да било.

Image by Денис Резник from Pixabay

Loading...

Минатата година над 100.000 илјади туристи го посетија овој град.

Во 2020 година, тој број се предвидува да скокне на 250.000 туристи.

Image by Денис Резник from Pixabay

Image by Денис Резник from Pixabay

Loading...
Image by Wendelin Jacober from Pixabay

Image by Денис Резник from Pixabay

Image by Wendelin Jacober from Pixabay

Image by StudioKlick from Pixabay

Image by Wendelin Jacober from Pixabay

Leave a Reply