Војник на АРМ го фати крстот во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Дваесет и тригодишниот Борислав Кузмановски од Куманово го фати крстот денеска во Соборниот храм „Свети Никола“ во Куманово.

Loading...

 

 

Професионалниот војник во Армијата на Република Македонија денеска беше најсреќниот меѓу педесетината верници кои скокаа по светиот крст по повод празникот Богојавление (Водици).

 

 

Loading...

Вели дека трет пат учествува на манифестацијата, но за прв пат му се посреќило.

 

 

– Им посакувам на сите здравје и среќа на овој празник Богојавление, Водици, сите да се живи и здрави пред се, вели Кузмановски.

 

 

Loading...

Тој ги повикува сите верници да продолжат да се пријавуваат за скокање по крстот за да се продолжи и зачува традицијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Обработени сите гласови во Куманово: Димитриевски победи

 

 

– Сите да се живи и здрави и нека се пријавуваат да се продолжи традицијата и адетот пред се, за здравје се фрламе по крстот, не се надевав дека ќе го фатам, но на сите им посакам здравје и среќа, рече тој.

 

 

Loading...

Кузмановски доби пригодни подароци од црквата и спонзорите, а од градоначалникот Максим Димитриевски беше даруван со телевизор.

 

Никола Ивановски