Градскиот совет на Венеција ги поддржа правилата со кои ќе се казнуваат проститутки на улиците на туристичкиот град на лагуните.
Казните исто така ќе се однесуваат на лица кои ноќе ќе консумираат алкохол надвор од кафетерии, на туристи кои се обидуваат да се капат во каналите или чекорат низ градот во костими за капење.
Строгите правила се дел од изените ја политиките на јавниот ред, а донесени се од градските советници.
Венеција годишно има околу 25 милиони туристи, од кои 14 милиони во градот се задржуваат само еден ден, трчајќи низ улиците во ренесансните цркви крај градските канали.
– Турист во Венеција мора да биде свесен дека во случај на лошо однесување ќе биде исфрлен од градот, рекол градоначалникот Лудиџи Бруњаро.
Населението на градот се намалило од 175.000 во периодот на завршувањето на Втората светска војна до денешни 50.000.
Жителите се жалат дека градот го уништуваат туристите, додека тие мора да ги сносат трошоците.
Градскиот совет во февруари изгласа такси во висина од три евра за посетителите кои ќе престојуваат во градот еден ден, со што ќе се финансира одржувањето на градот. Кон почетокот на 2020 година, висината на таксите би можела да достигне меѓу шест и десет евра, во зависност од сезоната.
Според правилата кои се изгласани во вторник, проститутките можат да бидат казнети најмногу со 500 евра поради „злоупотреба на јавен простор“ и попречување на сообраќај при преговарање со своите клиенти.
Во екстремни случаи на противопштествено однесување, туристите можат да бидат исфрлени од градот.
– Не треба да оставаме простор за неказнивост, рекол Бруњаро.