Во Украина загина момче од Танзанија регрутиран од Русите

Сподели со своите пријатели

Немес Тарим од Танзанија се приклучил на платеничката група Вагнер во октомври и отишол на украинскиот фронт, и покрај молбите на неговото семејство да не го прави тоа.

Loading...

Но, 33-годишниот имал голем поттик да се пријави.

Семејството вели дека Таримо бил во Москва, каде студирал на рускиот Технолошки универзитет, но потоа бил затворен за наводни прекршоци поврзани со дрога.

Минатата година го намамиле со договор за признавање на вината: да се предаде и да биде помилуван или да остане во затвор.

Поминале три недели откако неговите роднини дознале дека тој е убиен во битка.

Сите во семејната куќа во градот Дар ес Салам со нетрпение очекуваат вести кога би можело да биде вратено неговото тело, пишува Би-Би-Си.

На имотот има околу 15 луѓе, но роднините влегуваат и излегуваат цел ден сакајќи да слушнат дали има некоја вест.

„Тој рече дека сака да се ослободи“

Еден од нив вели дека последен пат се слушнале со него во октомври, кога рекол дека се согласил да се приклучи на руската платеничка група Вагнер.

Loading...

„Ме извести мене и некои други членови на семејството дека му се придружува на Вагнер, а ние го советувавме да не го прави тоа“, изјави член на семејството за Би-Би-Си.

Но, за младиот човек, кого роднините го опишуваат како пристоен и полнс о поддршка, пристигнала понуда на која тешко можело да се одолее.

„Тој рече дека ќе се придружи за да се ослободи“, вели роднината.

Уште еден таков случај

Овој случај е сличен на оној на 23-годишниот замбиски студент Лемехани Нирендо, кој исто така беше затворен во Русија и почина минатата година во редовите на Вагнер.

Министерот за надворешни работи на Замбија, Стенли Какубо, изјави во парламентот дека бил информиран дека затворениците може да бидат помилувани доколку се согласат да се борат.

Минатиот септември беше објавена снимка на која шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, им објаснува на затворениците правилата на борба, како што е забраната за дезертерство или сексуален контакт со Украинките, а потоа им дава пет минути да одлучат дали сакаат да се пријават.

Семејството за смртта дознало по два месеци

Семејството на Тарим дознало дека тој загинал на крајот на октомври додека бил на борбена мисија во Украина со Вагнер.

„Последен пат со него комунициравме на 17 октомври, кога тој веќе беше член на Вагнер. Во декември добивме информација од неговите пријатели за неговата смрт”, што, според извештаите на медиумите, е резултат на украинскиот артилериски оган.

Loading...

Роднините ја контактирале амбасадата во Москва, но владата на Танзанија, која остана неутрална за конфликтот во Украина, сè уште јавно не ја коментирала смртта на студентот.

Семејството сака да го погреба Тарим во нивното село во регионот на Јужните Хајлендс, но додека не се вратат неговите посмртни останки, не можат ништо да планираат.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.