Во Сараево се славеше по иранскиот напад врз Израел (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

И покрај одмаздата на Иран за убиствата на Исмаил Ханије, Хасан Насрала и Абас Нилфорушан, Израел не попушта. Армијата денеска извести за нови напади врз Либан

Loading...

Ноќта од вторник кон среда, Иран истрела околу 200 балистички ракети кон Израел.

„Железната купола“, израелскиот систем за противвоздушна одбрана успешно се справи со повеќето напади, но некои проектили сепак стигнаа до градовите.

Низ градот се огласи алармот, додека граѓаните добија предупредувачки пораки во кои се бара да се евакуираат на безбедно и да чекаат дополнителни инструкции.

На други места во светот атмосферата беше сосема поинаква.

Во Газа, Сирија, Иран и Ирак, меѓу другите, веста за нападот врз Израел беше дочекана со радост.

 

Loading...

 

Низ социјалните мрежи се проширија снимки од прославите на улиците на Техеран каде што луѓето пееја, играа и вееја знамиња.

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан му рече на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека „Иран не е воин, но цврсто се противи на заканите. Ова е само дел од нашата моќ, не влегувајте во конфликт со Иран“, напиша тој на X.

На улиците на Сараево десетици се собраа со знамињата на Палестина и Босна и Херцеговина и пуштаа гласна музика од своите автомобили, како што може да се види од видеата споделени на социјалните мрежи.

Инаку, демонстрантите секојдневно се собираат кај Вечниот пламен во Сараево и ги читаат имињата на убиените палестински деца.

Иранскиот напад беше прославен и на улиците на Техеран, Багдад, Бејрут, Западниот Брег и Газа.

И покрај одмаздата на Иран за убиствата на Исмаил Ханије, Хасан Насрала и Абас Нилфорушан, Израел не попушта.

ИДФ во средата соопшти дека испраќа повеќе војници преку границата во Либан, вклучително и оклопни единици.

Loading...

Тие потврдија и дека синоќа гаѓале цели на Хезболах во Либан, а оган и чад во утринските часови биле видливи и во Бејрут.