Во сабота премиера на „Љубовна терапија“ од Театар Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Со премиерна изведба на претставата „Љубовна терапија“, Театар Куманово во сабота ќе го затвори годинешното издание на МТФ „Денови на комедија“.

Loading...

Според директорот на НУЦК „Трајко Прокопиев“ Сашо Тодоровски, ова е успешен процес со надеж дека ќе донесе уште поуспешна премиера.

– Ова е една млада надежна екипа на кумановскиот театар, уживаа на пробите колку што можев да забележам и сигурен сум дека ќе имаме повторно нова и одлична претстава, рече Тодоровски на денешната прес конференција.

 

 

Режисер на претставата е Драгана Таневска, која вели дека ова е романтична комедија, фокусирана околу две општествени појави кои се актуелни во оваа време.

– Нашата приказна се фокусира околу две општествени појави кои сега се тренд, а тоа се користење апликации за запознавање луѓе во обид да се најде стабилна романтична врска и одење на терапија како можност ликовите да ги надминат своите проблеми и потешкотии, посочи Таневска.

Loading...

 

 

Според драматургот Симона Тоскиќ, текстот е адаптиран на времето денеска, со спој на апликации за запознавање и луѓе кои одат на терапија.

– Главен акцент е ставен на љубовта, како двигател на светот, нешто што нас не опкружува и треба да го негуваме. Со режисерката работевме на создавање на ликови, не само на луѓе кои ќе се шеткаат низ сцена и тоа ќе нема смисла, детално работевме на текстот и карактерите и мислам дека имаме одличен продукт, рече Тоскиќ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Засадени нови садници низ Куманово

 

 

Loading...

Актерката Владанка Крстевски вели дека целиот процес на подготовки минал со леснотија и убавина.

– Овој текст е интересен од две страни, бидејќи актуелизира едни веќе актуелни состојби во општеството, но она што особено ме поврза со текстот и ликот на Сара е желбата за конекција и поврзување со некој, што е основа вредност на човекот, да се поврзеш, да оствариш некаков тип на комуникација и таа комуникација да остави некој белег, додава актерката.

 

 

Ова е поразлична комедија од она што навикнале кумановци да го гледаат, потенцира актерот Марко Трајковиќ.

– Текстот сам по себе можеби не ни е привлечен на нас луѓето кои живееме во оваа модернизирано општество каде сите аспекти на општеството се толерираат, истржауваат и наметнуваат понатаму. Ние дадовме се од себе и мислам дека најмногу од се што на кумановци ќе им се допадне се самите решенија во сите сцени од почеток до крај, навистина нема да има ниту три минути каде гледачите нема целото нивно внимание да е на сцена и тоа што се случува, рече тој.

 

Loading...

 

Жарко Јовановиќ, кој исто така е дел од актерскиот состав, вели дека претставата е модерна, а терапевтите се „полуди“ и од самите пациенти.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 800 парчиња пиротехника пронајдени кај жител на Матејче

– Јас играм терапев во претставата, кој се води по класичен метод на лекување, но со самото течење на дејството оди во некој друг правец, за кој нема да откривам многу, вели тој.

 

Loading...

 

Дел од претставата како надворешни соработници се и младите актери Никица Јанковски и Матеј Стојковски.

Двајцата велат дека се крајно благодарни на укажаната чест од управата и режисерката кои ги поканиле да биде дел од актерскиот состав, особено во годината кога кумановскиот театар одбележува голем јубилеј.

Актерот Никица Јанковски вели дека игра лик кој совршено му прилега, момче на негови години, но со многу детски карактер.

– Претставата навистина е по многу современ текст, точно направена по вкусот на нашите кумановци. Имаме две претстави продадени, третата е во продажба и се радувам што кумановци веруваат во нас, вели Јанковски.

Loading...

 

 

Стојковски вели дека за прв пат ќе игра комедија, но е процес во кој досега научил многу работи од режисерката Таневска за тоа како треба да се игра комедија.

– Научив како треба од несовршеностите на ликовите да се наоѓа таа комика. Овој процес за мене беше доста истражувачки и додека истражував како мојата улога да ја направам голема инспирација ми беше Чарли Чаплин кој вели дека од секоја пречка во процесот треба да се изигра и да се најде таа комика, додава тој.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Реконструиран паркингот кај Соколана (ФОТО)

 

 

Сценограф на претставата е Крсто Богојевски, кој исто така вели дека ова е една нетипична комедија.

– Така и сценското решение на самата комедија, на сцените, е исто неконвенционално, несекојдневно, ослободено од непотребен декор, не би откривал повеќе ќе видат гледачите сами, вели тој.

 

Loading...

 

Актерката Александра Михајловска Величковски игра терапев во самата претстава и вели дека е интересен и продуктивен спојот на постојаната актерска екипа со актери надворешни соработници како Матеј и Никица.

– Секогаш постои некој тремаџиски пристап кога се работи фестивалот „Денови на комедија“, бидејќи знаеме дека ќе биде претстава за затворање на фестивалот, ги знаеме очекувањата на публиката и секогаш се трудиме да ги исполниме, вели таа.

 

Loading...

 

Инаку премирната изведба на претставата во сабота и првата реприза на 17ти октомври се веќе распродадени, а тече продажбата и на билетите за третата изведба закажана за 18ти месецов.

„Љубовна терапија“ ќе го затвори натпреварувачкиот дел од МТФ „Денови на комедија“, а во недела свечено ќе бидат доделени признанијата на најдобрите од оваа издание, по што ќе игра претставата „Обвинителка“ со Лидија Вукичевиќ, Магдалена Ризова Черних, Сашо Ристовски и Бранко Атанасов.