Американците се`повеќе купуваат преку интернет, а во пресрет на Денот на благодарноста потрошиле милијарда долари порачувајќи подароци.
Оваа година изостанале вообичаените долги редови пред продавниците во САД и немало т.н. „црн петок“, кога во очи на празникот во продавниците има огромни метежи.
Некои купувачи доста купувале и преку интернет или во трговските центри биле ноќ претходно. Тоа е новата пракса на купување во САД, кога продавниците со големи попусти започнат и пред „црниот петок“.
Во четврток од полноќ до 17 часот, купувачите во САД потрошиле скоро милијарда долари за купување или 22% повеќе отколку претходната година.
Забележани е посета од 100 милиони во 4.500 американски продавници.
https://www.youtube.com/watch?v=5HG2MYX4N4s