Во Пиреја ноќеска пристигнаа 1800 бегалци, утре доаѓаат уште 3000

Сподели со своите пријатели

Брод со околу 1.800 мигранти и бегалци од Блискиот Исток пристигнаа рано наутро на пристаништето во Пиреја, пренесува Ројтерс повикувајќи се на изјава на грчката крајбрежна стража.

Loading...

Грција бележи скок на бројот на бегалците и мигрантите кои пристигнуваат на грчките острови со гумени чамци преку Турција ова лето, а според хуманитарните организации, се проценува дека минатиот месец во Грција дневно доаѓале и по 2000 бегалци.

“Треба да ни помогнат”, вели за Ројтерс 27-годишниот Ишам, сириски наставник кој ја оставил својата жена и двете деца во Турција.

“Ние сме луѓе”, рече тој, апелирајќи до владите на ЕУ да не ги блокира обидите на бегалците да се патува низ Европа во потрага по подобар живот.

Крајбрежната стража брифира дека покрај бродот кој пристигна со  1.749 мигранти од Лезбос во Пиреја, се очекува уште еден брод со 2.459 мигранти и тоа во раните утрински часови во среда.

Фото: Ројтерс