Во петок ќе се прска против комарци во Куманово

Сподели со своите пријатели

Терестична и адултицидна дезинсекција против возрасна форма на комарци ќе биде извршена во петок на полноќ на територијата на Општина Куманово.

Loading...

– Се известуваат граѓаните на Општина Куманово дека на 20.05.2022 година (петок) во 00.00 часот, на територијата на Општината ќе се изврши третман на терестична и адултицидна дезинсекција против возрасна форма на комарци, информираат од локалната самоуправа.

Оттаму ги повикуваат, пчеларите да преземат конкретни чекори за заштита на пчелите, нагласувајќи дека тоа е неопходно.

– Доколку временските услови не го дозволат вршењето на третманот, дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни, стои во соопштението.

Никола Ивановски