Во овој затвор се произведува дрога, а силувачите ги убиваат со струја во базен

Сподели со своите пријатели

Еден од најчудните затвори на светот се наоѓа во планините на Западна Боливија. Во Сан Педро затворот, масовно се произведува дрога, децата слободно трчаат наоколу, а затворениците се водат со самоповикувачка правда, која не е мирољубива.

Loading...

Сан Педро го населуваат 3000 машки затвореници кои водат игра внатре, додека чуварите треба да внимаваат никој да не избега.

Сан Педро стана популарен, благодарение на книгата „ Marching Powder “ која во 2003 година ја објави Расти Јанг, којј неодамна прв пат се врати меѓу ѕидовите на оваа озогласено место.

Книгата која до ден денес е бестселер, укажува на трговијата со дрога која се одвивала во затворените, а се чини дека во последните 12 години откако е објавена, ништо не се променило.

Затворениците мора самите да плаќаат смесување и храна, а се занимаваат со работа во кујна, чистење и одржување на трговините. Но, вистинските пари се кријат меѓу наркотиците.

Бидејќи нема затворски чувари кои патролираат внатре, а оние кои ја чуваат градбата со задоволство примаат мито за да набавуваат се што е потребно, дрогата се произведува со полна пареа, па така кокаинот кој тука се произведува и продава е еден од најчистите во земјата.

562e6c3c-cd00-45c0-8781-43340a0a0a64-zatvor2

Уште еден бизарен детал е тоа што освен дрога, тука има и деца. Имено тие внатре трчкаат како во градинка. Со нив се и мајките, за кои често се смета дека побезбедни се внатре со главата на семејството отколку сами на улица.

Loading...

Но, децата внатре често можат да бидат жртви на лукави предатори, па така една 12-годишна девојка останала трудна откако во 2013 група мажи ја силувале.

Ваквите преступи никогаш не остануваат неказнети, па така силувачите и педофилите имаат најлоши казни и за нив затвореничкиот совет има нулта степен на толеранција, пишува Дејли Мејл.

Таквите затвореници ги линчуваат и доведуваат во плиток базен во кој ги тепаат, рануваат и на крајот ги убиваат со струја пред очите на крвожедните затвореници.

562e6c39-4760-41a4-9a9f-433e0a0a0a64-zatvor3

Иако овој затвор може да делува нецивилизирачки на аутсајдерите, фактот дека го финансираат затворениците го прави евтино место за одржување за владата на една од најсиромашните држави во Јужна Америка.