Магионичарството или волшебништвото секогаш привлекува многу луѓе ширум светот. Во модерно време за тоа допринесува и франшизата „Хари Потер“ за младиот волшебник и неговите пријатели.
Популарноста на волшебникот ја искористиле во Полска, поточно во бајковитиот замок Чоша, каде се нудат четридневни курсеви по чие завршување добивате и официјален сертификат.
Училиштето го нарекуваат „Хогвортс“ по онаа приказна за Потер.
Во училиштето предаваат разни професори од, како опишуваат минувачите, збунети и растресени со лошо памтење до млади, остроумни и комуникативни.
Секако, искуството на Хари Потер не би било целосно без волшебничките спортови како квидич.
Организаторите признале дека се потрудиле да го направат она што е сон за секој љубител на Хари Потер, пренесува cdm.me.
– Во суштина настојувавме да користиме се скоро исто како во Хогвортс. Ентузијастите дури донесоа исти болшебнички стапчиња, метли, па дури и идентична гардероба, за да што повеќе наликува на волшебниците од славниот Хогвортс.
Разликат ае во тоа што сите овие посетители се воразни, но тоа нив, како што тврдат, не ги спречува да го живеат својот сон.
Цената за престој во оваа необично училиште е околу 300 евра.
фото: Wikimedia/Rafał Konieczny