Во оваа драва од денеска се бесплатни кондомите

Сподели со своите пријатели

Кондомите за млади Французи до 25 години сега се бесплатни во сите аптеки ширум земјата.

Loading...

Владата на претседателот Емануел Макрон смета дека тоа е превентивна мерка за спречување на несакана бременост и сексуално преносливи болести, пренесува dpa.

Тој план најпрвин беше наменет за млади од 18 до 25 години, но по критиките се прошири и на малолетниците.

Мерката за бесплатна контрацепција, вклучувајќи апчиња и спирали, за жени до 25 години е на сила веќе една година, а претходно правото на бесплатни апчиња за контрацепција беше бесплатно за девојчињата до 18 години.

Со иницијативата за кондоми, Макрон се обидува да го реши проблемот со сексуалното здравје кај младите.