Во напад на туристи во Кашмир загинаа 26 лица, 17 се повредени

Сподели со своите пријатели

Во напад врз туристи во Џаму и Кашмир, извршен од неидентификувани милитанти, загинаа 26 лица, а 17 лица беа повредени, соопшти полицијата.

Loading...

Тој напад, кој се случи вчера во туристичката дестинација Пахалгам, претставува најтешкиот напад во Индија во последните речиси 20 години, посочуваат медиумите.

Индискиот премиер Нарендра Моди ја прекина дводневната посета на Саудиска Арабија и се врати во Њу Делхи поради нападот, додека министерката за финансии Нирмала Ситараман ја прекина посетата на САД и Перу за да се врати во Индија.

Нападот се случил во земјоделско подрачје покрај патот, а меѓу загинатите има 25 индиски државјани и еден Непалец.

Индиските медиуми објавија дека група од две до три лица со оружје се појавила во областа и прво побарале од туристите да ги покажат своите лични карти.

Само неколку моменти подоцна, тие наводно отвориле оган.

Милитантната група наречена „Отпор на Кашмир“ ја презеде одговорноста за нападот на социјалните мрежи, наведувајќи го незадоволството поради населувањето на повеќе од 85.000 луѓе кои не се од Џаму и Кашмир, но дошле од други делови на Индија или од странство, што според нив е причина за „демографските промени“.

Повеќе од десетина локални организации повикаа на протест против нападите врз туристите, чиј број се зголеми во последните години и значително придонесе за локалната економија.

Loading...

Многу училишта ја прекинаа наставата, а авиокомпаниите ги засилија летовите од Сринагар.

Индиските власти ги зајакнаа безбедносните мерки во Делхи како мерка на претпазливост.

Се вршат строги безбедносни проверки, особено во туристичките области, соопшти новинската агенција ПТИ.

Поставени се контролни пунктови и во долината Кашмир, соопштија официјални лица.

Промени има и во јавниот превоз.

Во тек е истрага.

Насилството од страна на милитантните групи во овој регион на Хималаите трае од 1989 година, кога започна бунтот против индиската власт.

Десетици илјади луѓе загинаа во тој период, иако насилството се намали во последните години.

Loading...

Во 2019 година, Индија го укина специјалниот статус на Кашмир, поделувајќи ја земјата на два територијални дела: Џаму и Кашмир и Ладах, со што се дозволува доделување права на луѓе кои се од други делови на Индија или во странство, дозволувајќи им да работат и да купуваат земја.

Таа одлука доведе до влошување на односите со Пакистан, кој исто така претендира на регионот, што предизвика длабока политичка тензија и воена конфронтација меѓу двете нуклеарни сили.

Нападите врз туристи во Кашмир се ретки, а последниот фатален напад се случи во јуни 2024 година, кога автобус со хинду верници падна во клисура во напад на милитанти, при што загинаа најмалку девет лица, а 33 други беа повредени.